Витал датира уште од 1855 година и претставува една од најголемите и најстари фабрики за масло и билни масти на Балканот.
Со примена на ригорозен систем за контрола на квалитет (ISO 9001, HACCP) на сите производи и со користење на сопствена акредитирана лабораторија според ISO 17025, Витал ја остварува својата цел за консолидирање на постојните и преземање на нови пазарни позиции.
Портфолиото на Витал се состои од: сончогледово масло кое е произведено од најдобрите сорти на сончогледово семе и рафинирано на најсовремен начин, билна маст која е добиена со посебен процес на кристализација од најквалитетни растителни масти и масла поради кои не создава холестерол, стони маргарин, намазни маргарин, кечап и Мајовита мајонез кој е избран за производ на годината 2018 во Србија.