ГРАД
Скопје
ПЛАТА
ДОГОВОР
ОДДЕЛ
Контролинг
JOB POST
27/02/2023 - 31/03/2023
ПОЗИЦИИ
1
Бизнис аналитичар – (Скопје)

Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извондредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.

Опис на работата:

Бараме бизнис аналитичар за да се придружи на нашиот тим.

Како бизнис аналитичар вие ќе бидете одговорни за собирање, обработка и презентација на податоци за да и помогнете на нашата компанија да носи одлуки базирани на податоци. Вашите одговорности ќе вклучуваат креирање и одржување на бази на податоци, развивање и имплементација на алгоритми и статистички модели, имплементација и поддршка на бизнис информатичките системи во сите сектори. Бизнис аналитичарот ги идентификува проблемите и можностите во организацијата и навремено нуди решенија кои ги поддржуваат бизнис целите.

Потребни квалификации:

· Познава некој од програмските јазици ( Python или SQL );

· Искуство со работа со SQL база на податоци, познавање на техники за складирање, пребарување и управување со податоци е од суштинско значење;

· Искуство со алатки за визуелизација на податоци како што се Power BI;

· Познавање на статистички концепти, како што се анализа на временски серии и регресивна анализа;

· Способност за самостојна работа, но и како дел од тим;

Работни задачи:

· Спроведување на анализа за потреби ( requirement analysis );

· Имплементирање на решенија кои ги исполнуваат бизнис потребите;

· Ажурирање на сите влезни податоци на софтверот како и корисниците и нивните права за пристап;

· Ја следи сигурноста на софтверската инфраструктура и превенира неовластен пристап;

· Менаџирање на проекти, развој на планови за проекти и следење на перформанс;

· Идеја, развој и имплементација на Microsoft Power BI;

· Развој на документација за корисници;

Зошто Бизнис Аналитичар во Еуротабак?

· Hybrid модел на работа

· Флексибилно работно време

· Независност во работењето

· Инвестирање во професионален раст (до-едукации и сертификации)

· Приватно здравствено осигурување

· Обезбедуваме опрема со највисок;

Како да аплицирате:

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.

Краен рок за аплицирање е до 31.03.2023

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?