ДИСТРИБУЦИЈА
НАЈГОЛЕМАТА ДИСТРИБУТИВНА МРЕЖА ВО ДРЖАВАТА

Со над 5,000 продажни локации во Македонија, вашиот производ ќе биде достапен за сите ваши купувачи во сите соодветни канали на продажба.
11
NATIONAL KEY ACCOUNTS
со 230+ продажни места
100
LOCAL KEY ACCOUNTS
со 510+ продажни места
3,597
TRADITIONAL TRADE
со 3,900+ продажни места
82
МАГАЦИНИ
со 100+ продажни места
113
БЕНЗИНСКИ СТАНИЦИ
со 300+ продажни места
89
ХОРЕКА
со 100+ продажни места
9
ФАРМАЦИИ
со 60+ продажни места
293
ТОБАКО
со 350+ продажни места
Нашите регионални менаџери

Територијата на Македонија ја покриваме преку 4 дистрибутивни региони. Секој регион го води регионален менаџер кој ви стои на располагање за сите ваши потреби.

СКОПЈЕ
&nbsp
МАКЕДОНИЈА СЕВЕР
Куманово, Тетово, Гостивар
МАКЕДОНИЈА ЈУГОЗАПАД
Битола, Ресен, Охрид, Дебар, Кичево, Прилеп
МАКЕДОНИЈА ЈУГОИСТОК
Кочани, Штип, Велес, Струмица, Гевгелија, Кавадарци
КОМПЛЕТНА ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОКРИЕНОСТ

Од производствената линија до продажна локација, со 15 дистрибутивни центри низ Македонија, вашите производи секогаш ќе бидат доставени навремено и прецизно.

Тетово
Дебар
Кичево
Кочани
Гостивар
Скопје
Куманово
Крива Паланка
Штип
Ресен
Охрид
Битола
Прилеп
Кавадарци
Струмица
Гевгелија
ИНДУСТРИСКИ СЕКТОРИ

Без оглед на вашата индустрија, Еуро Табак може да ви обезбеди експертиза во логистиката која е прилагодена на вашите бизнис потреби. Нашите вертикали во индустриите ќе ви укажат како можеме да го поддржиме вашиот бизнис и да додадеме вредност во вашиот ланец на набавки.

ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ

Синџирот на снабдување со храна и пијалоци има големи побарувања, но во Еуро Табак ги покриваме сите негови основи. Ние нудиме складирање и дистрибуција со контрола на температурен режим, и обезбедуваме брзи и безбедни решенија за синџирот на снабдување. Покрај тоа, нашите специјалисти за продажба во прехранбената индустрија можат да ви ја понудат својата експертиза, со цел да ви помогнат со пентрација на нови пазари, како и поефикасен пласман на постоечките пазари.

ТОБАКО

Нашите тимови со високо познавање обезбедуваат низа на услуги со додадена вредност, како и незаменлива продажна поддршка во тобако индустријата. Нашата дистрибутивна мрежа за цигари е најголема во Македонија, вклучувајќи повеќе од 5.000 продажни места надвор од Скопје.

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

Euro Tabak е водечки снабдувач на услуги во синџирот на снабдување за телекомуникацискиот сектор. Нашите решенија за логистика и дистрибуција се дизајнирани да се приспособат кон потребите на нашите партнери и нивните потрошувачи. Тоа го постигнуваме преку нашата дистрибутивна мрежа за СИМ картички и електронски ваучери, која е најголема во земјата.

ФАРМАЦИЈА

Ние нудиме врвни решенија за складирање и транспорт специјално приспособени за здравствените и козметичките синџири за снабдување. Нашите објекти внимателно ги менаџираат специјализирани тимови, а и постојано се следат за да ги исполнат највисоките стандарди. Ова ги вклучува температурно контролираните средини за складирање и транспорт.

ХЕМИЈА

Еуро Табак снабдува специјализирани хемикалии во секторот за Домашна Хигиена. Ние нудиме засебни услуги и инфраструктура кои гарантираат највисоки стандарди кога станува збор за безбедноста, здравјето, животната средина и квалитетот. Овие стандарди се применуваат на целиот наш логистички спектар од складирање до транспорт, со цел обезбедување на највисок квалитет на услуги на нашите партнери и нивните производи.