Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Магацински работник.
Цел на работното место:
Носи, товара и истовара стоки и материјали во магацинот, врши редење, складирање, пакување и препакување со цел да подготви стоки и материјали за достава.
Услови за работа и бенефиции:
· Редовна месечна плата;
· Полно работно време – 40 часа;
· Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено
· Пријатна работна атмосфера;
· Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
· Приватно здравствено осигурување;
Потребни квалификации:
· Од 0 -1 година искуство во вршење на општи, физички работи
· Општо познавање на модерната комуникациска технологија
Работни задачи:
· Реди, пакува и означува стоки и материјали со цел да ги подготви за испорака.
· Рачно растовара и утовара стоки од и во транспортни возила и камиони.
· Преместува, прередува и распределува стоки и материјали во магацинот.
· Врши сортирање, пакување и препакување.
· Прима, пренесува и отстранува растур, оштетени стоки и материјали, кало и друг вид на отпад.
· Врши контрола врз квалитетот на влезните и излезните стоки и материјали и се грижи оштетени стоки и материјали коишто се наменети за достава до купувачи и користење од други организациски единици во компанијата да не бидат испорачани и примани во магацинот.
· По потреба управува со вилушкар, рачна товарна количка или возило.
· Врши и други задачи по налог на претпоставениот.
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.