Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи
ЕУРОТАБАК ИМА ПОТРЕБА ОД КООРДИНАТОР ЗА ПРОДАЖБА
Цел на работното место:
Координаторот за продажба служи како лидерска улога за тимот на продажба за кој е одговорен/а за да гарантира ефикасно работење на продажниот реон.
Ќе работи да го оддржува тимот мотивирани охрабрен за да ги постигне таргетите и целите.
Координаторите за продажба редовно ќе ги проверува реоните на комерцијалистите.
Главни одговорности:
· Определување на територии и таргети на комерцијалисти
· Координација на доставата за продажниот реон
· Оддржување на залиха на материјали за презентација
· Анализа на продажба и куповни навики на клиенти за да ги оптимизира продажните цели и да идентификува потенцијални клиенти
· Следење на остварувања и цели на секој член од тимот
· Одговарање на прашања од страна на клиенти во врска производите, соработката и и грижите
· Работење со останатите тимови од маркетинг, финансии и други оддели
· Собирање и сортирање на финансики и продажни информации во форма на извештаи
· Информирање на клиенти за непредвидливи доцнења или проблеми
· Мониторинг на прогресот на тимот и предлози за подобрување
· Гарантирање на следење на законски регулативи
Услови за работа:
· Редовна месечна плата;
· Полно работно време- 40часа;
· Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено;
· Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално- технички средства;
· Приватно здравствено осигурување;
· Исплата на минат калкулиран труд;
· Континуирани обуки и стручно доусовршување;
Потребни квалификации:
· CCC/BCC Економска насока
· Потребно е искуство минимум 5 години во продажба, од кои минимум 2 години на раководна позиција;
· Напредни продажни вештини
· Способност да анализира информации во делот на продажба за да подобри продажни резултати
· Познавање на Microsoft 365
· Поседување на возачка дозвола Б категорија
· Познавање на регулативи поврзани со продажба, дистрибуција и заштита на потрошувачите.
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.