Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Магацински работник во Скопје
Цел на работното место:
Рачно носи, товара и истовара стоки и материјали во магацинот, врши складирање на стоки и материјали и ја помага доставата.
Oсновни одговорности:
· Ракува со стока(редење, пакување, сортирање, растовар и утовар).
· Одржување на магацин
· Пренесува и отстранува растур, кало и друг вид на отпад.
· Врши контрола врз квалитетот на влезните и на излезните материјали и се грижи ниту еден оштетен материјал да не биде испорачан ниту примен во магацинот.
· По потреба управува со вилушкар, рачна товарна количка или товарно возило.
Услови за работа:
· Редовна месечна плата;
· Полно работно време- 40 часа;
· Пријатна работна атмосфера;
· Работа на определно време со можност за продолжување на неопределено време;
· Обезбени услови за работа со сите современи материјално-технички средства;
· Приватно здравствено осигирување;
· Исплатa на минат калкулиран труд;
Потребни квалификации:
· Средно образование
· Од 0-1 година искуство во вршење на општи, физички работи
· Комуникациски вештини
· Општо познавање на модерната комуникациска технологија
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.