Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Дистрибутер за реон Кавадарци:
Одговара за квалитетна и ефикасна дистрибуција на стоки до купувачите на пазарот и до други организациски единици во компанијата со цел да бидат квалитетно и навремено услужени.
Одговорности како Дистрибутер:
· Навремена достава на стоки до продажно место согласно план за дистрибуција.
· Управување со товарно возило и да имате возачка дозвола Ц категорија
· Да се грижите за хигиената и одржување на чистотата на возилото како и негово соодветно паркирање и сместување.
· Да вршите истовар и утовар според потребите.
Услови за работа:
– Редовна месечна плата;
– Полно работно време- 40 часа;
– Работа на определено време;
– Пријатна работна атмосфера;
– Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
Потребни квалификации:
– Средно или високо образование;
– Возачка дозвола, Ц категорија;
– Комуникациски вештини;
– Општо познавање на модерната комуникациска технологија;
– Способност за управување со патничко возило;
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.