Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи
ЕУРОТАБАК ИМА ПОТРЕБА ОД КОМЕРЦИЈАЛИСТ/КА
Цел на работното место: Одговара за остварување на конкретни продажни резултати, за обезбедување на присутност и достапност на асортиманот на брендовите и артиклите на компанијата на продажното место со цел да придонесе за зголемување на продажбата и реализација на поставените таргети.
Главни одговорности:
· Планирање и организирање на продажни активности;
· Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата;
· Развивање и одржување на односите со клиентите;
· Прием на нарачки и наплата;
· Изработка на потребна документација;
Услови за работа:
· Редовна месечна плата;
· Полно работно време- 40часа;
· Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено;
· Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално- технички средства;
· Приватно здравствено осигурување;
· Исплата на минат калкулиран труд;
· Континуирани обуки и стручно доусовршување;
Потребни квалификации:
· Средно или високо образование;
· Возачка дозвола Б категорија;
· Комуникациски вештини;
· Минимум 1 години искуство во продажба;
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.