Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Референт во секторот Финансии (Замена за породилно отсуство).
Цел на работното место:
Одговара за работење со финансиските и сметководствените информации на организацијата, со што овозможува носење на информирани одлуки. Анализира стабилност на компанијата и доставува финансиски информации до останатите деловни единици, со што им овозможува да прават буџетирања и да носат одлуки.
Услови за работа и бенефиции:
· Редовна месечна плата;
· Полно работно време – 40 часа;
· Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено
· Пријатна работна атмосфера;
· Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
· Континуирани обуки и стручно доусовршување
Потребни квалификации:
· Високо образование ( Економска насока);
· Најмалку 2 години искуство во финансии или сметководство;
· Комуникациски вештини;
· Познавање на англиски јазик;
· Одлично познавање на MC Office – Excel, Word
Работни задачи:
· Врши усогласување на картици со коминтенти, изготвува записници и конфирмации
· Книжи изводи и контактира со коминтенти
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.