Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
ЕУРОТАБАК ИМА ПОТРЕБА ОД БРЕНД МЕНАЏЕР
Цел на работното место:
Гарантира спроведување на маркетинг стратегијата и активностите за брендовите на компанијата, обезбедувајќи развој и имплементација на соодветни маркетинг стратегии, концепти и активности за поединечни брендови и артикли со цел да ја зголемува свесноста на пазарот за брендовите, да развива силни, препознатливи и конкурентни брендови и да обезбеди повисоко учество на брендовите во пазарот.
Главни одговорности:
· Развива, приспособува и спроведува маркетинг стратегијаза брендови/артикли во согласност со компаниските стратегија за портфолиото и за секој поединечен бренд;
· Ги креира, управува и спроведува годишните маркетинг планови за брендовите вклучувајќи и цели, цени, вредност за купувачите, имиџ, визуелна презентација, креатива, новитети;
· Врши мониторинг, анализира и доставува извештаи до претпоставениот за сите брендови на пазарот, користејќи податоци за маркетинг и продажба од внатрешни и
надворешни извори, малопродажни анализи, индикатори за крајни потрошувачи, извештаи од медиуми, конкуренција;
· Управува со проекти и активности за лансирање на брендови и производи/артикли во портфолиото на компанијата согласно плановите за промоција и буџети;
· Гарантира креаирање на позитивен имиџ на брендот и ги пренесува комуникациските пораки на брендот до купувачите и потрошувачите;
· Управува со работата и ја координира работата на сите вработени во секторот;
· Гради ефикасни поединци и тимови, вклучувајќи и селекција, ангажирање, советување, обучување, надзор, мотивирање на вработените во секторот;
· Учевствува во развивање на ефикаси политики и процедури во својата област и одговара за спроведување на важечките процедури и стандарди за квалитет;
Услови за работа:
· Редовна месечна плата;
· Полно работно време- 40часа;
· Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено;
· Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално- технички средства;
· Приватно здравствено осигурување;
· Исплата на минат калкулиран труд;
· Континуирани обуки и стручно доусовршување;
Потребни квалификации:
· Високо обраозвание (Економска насока);
· Искуство во работа со буџети;
· Минимум 5 години искуство во продажба;
· Комуникациски вештини;
· Познавање на англиски јазик;
· Одлично познавање на MC Office- Excell, Word;
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.