Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
ЕУРОТАБАК ИМА ПОТРЕБА ОД ДИСТРИБУТЕР
Цел на работното место:
Одговара за квалитетна и ефикасна дистрибуција на стоки до купувачите на пазарот и до други организациски единици во компанијата со цел да бидат квалитетно и навремено услужени.
Главни одговорности:
· Врши достава на стоки до продажно место согласно планот за дистрибуција.
· Гарантира добро управување со возилото на пат, почитувајќи ги доследно прописите за безбедност во сообраќајот.
· Врши истовар и утовар според потребното.
· Подготвува патни налози и ги доставува до претпоставениот за потпис.
· Доставува до купувачите фактури – испратници за потпис при достава на стоки.
· Се грижи за хигиената и одржување на чистотата на возилото одвнатре и однадвор и негово соодветно паркирање и сместување.
Услови за работа:
· Редовна месечна плата;
· Полно работно време- 40часа;
· Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено;
· Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално- технички средства;
· Приватно здравствено осигурување;
· Исплата на минат калкулиран труд;
· Континуирани обуки и стручно доусовршување;
Потребни квалификации:
· Средно или високо образование;
· Возачка дозвола, Б и Ц категорија;
· Комуникациски вештини;
· Минимум 1 години искуство во продажба;
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак