ГРАД
Скопје
ПЛАТА
ДОГОВОР
ОДДЕЛ
Продажба
JOB POST
24/04/2023 - 31/05/2023
ПОЗИЦИИ
1
Раководител на продажен центар – Скопје

Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.

 

Еуротабак има потреба од Раководител на продажен центар во Скопје

 

Услови за работа:

 

– Редовна месечна плата;

– Полно работно време- 40 часа;

– Пријатна работна атмосфера;

– Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;

 

Потребни квалификации:

 

– Средно или високо образование;

– Возачка дозвола, Б категорија;

– Најмалку 5 година искуство во продажба, од кои најмалку 3 години како раководител или тим лидер во продажба;

– Комуникациски вештини;

– Општо познавање на модерната комуникациска технологија;

 

Работни задачи:

 

– Гарантира ефикасно управување со продажниот центар и остварување на поставените цели и резултати во продажбата и дистрибуцијата.

– Спроведува активности за зголемување на продажните резултати и учеството во пазарниот сегмент.

– Гарантира редовно прибирање на податоци од сите продажни места во врска со степенот на продадени, дистрибуирани и присутни производи на залиха кај купувачите и редовна проверка на роковите на употреба.

– Прави проверки за залиха на лагер во продажниот центар и во соработка со сектор логистика (набавки, централни магацини и дистрибуција) обезбедува потребни количини за продажба и дистрибуција.

– Ги координира и контролира активностите на продажната сила за реализација на дневните рут планови.

– Ги води и насочува вработените во продажниот центар во планирањето и реализацијата на нивните активности со цел да се достигне планираната продажба.

– Реализира и спроведува посети на пазарот во регионот за да ги зацврсти и развие односите и соработката со продажно место.

 

Како да аплицирате:

 

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.

 

 

Краен рок за аплицирање: до 31.05.2023

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?