Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Раководител на продажен центар – Струмица
Цел на работното место:
– Гарантира спроведување на ефикасна продажба и дистрибуција на стоки до купувачите. Ги раководи, планира, организира, насочува и контролира сите деловни, административни, продажни и дистрибутивни активности на продажниот центар на зададената продажна територија. Гарантира реализација на продажните цели и резултати. Спроведува активности за зголемување на продажните резултати и учество во пазарниот сегмент.
Услови за работа:
– Редовна месечна плата;
– Полно работно време- 40 часа;
– Работа на определено време;
– Пријатна работна атмосфера;
– Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
Потребни квалификации:
– Средно или високо образование;
– Возачка дозвола, Б категорија;
– Најмалку 5 – 7 години работно искуство во продажба и дистрибуција, од кои најмалку 3 години како раководител или тим лидер во продажба.
– Комуникациски вештини;
– Добро познавање на деловниот Англиски јазик
– Искуство во работење со канцелариска опрема;
– Општо познавање на модерната комуникациска технологија;
– Способност за управување со патничко и товарно возило;
Работни задачи:
– Управување и водење на продажен центар и продажна сила;
– Унапредување на продажба
– Управување со готовински средства
– Управување со документација
– Анализа и корективни мерки
– Маркетинг и маркетинг материјали
– Надзор и контрола
– Извештаи
– Договори со купувачи
– Законска регулатива и процедури
– Управување со луѓе
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: до 01.12.2022