Еуро Табак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи
ЕУРО ТАБАК ИМА ПОТРЕБА ОД РАКОВОДИТЕЛ НА СМЕТКОВОДСТВО
Цел на работното место:
Работни задачи:
· Спроведува ефикасно управување и надзор на сите книговодствени процеси и операции во одделението во согласност со законските прописи, меѓународните сметководствени стандарди и компаниските процедури и воспоставува соодветни интерни контроли.
· Подготвува и координира книжење во главната книга и сложување на сите книговодствени конта.
· Ги анализира месечно состојбите, идентификува варијанси и врши прилагодувања во главна книга.
· Учествува во процеси на креирање на буџети на организациските единици и при подготовка на бизнис планот на компанијата.
· Врши контрола на ставките во бруто биланс по контен план.
· Врши контрола на сите рачно контирани документи во сметководство.
Даноци и ревизии
· Обезбедува пресметка на даноци, царини, јавни давачки, такси и акцизи.
· Учествува во подготовка и достава на финансиски извештаи кон надворешни надлежни институции
· Гарантира ефикасно и точно книжење и евидентирање на даночните обврски на компанијата во согласност со закон со цел да овозможи нивно соодветно плаќање.
· Учествува во ревизии, вклучувајќи и годишни надворешни ревизии, и соработува со претставници на даночни контроли од надлежни институции согласно закон
Извештаи и прегледи
· Подготвува интерни и екстерни извештаи, ревидира и ажурира извештаи според потребите.
· Учествува во подготовка завршна сметка.
· Изготвува месечни прегледи на даноци, ажурира и подготвува пријави за ДДВ
Книжење
· Ги координира активностите за воведување и ажурирање на конта и книжење според контен план.
· Гарантира спроведување на точни и редовни книжења на дневна основа.
· Ги затвора месечните сметки и пресметката.
Водење на главна книга
· Самостојно го води книговодството на компанијата согласно законските прописи и интерните процедури согласно МСС и МСФИ.
· Контролира влезни и излезни фактури, денарски и девизни изводи и други документи за да ја евидентира состојбата во главната книга.
· Врши пресметка на ДДВ обврски, подготвува ДДВ пријави и книжи ДДВ.
· Врши сложување и анализа на бруто биланс.
· Учествува во изготвување завршна сметка и врши консолидирање на билансите.
· Соработува со коминтенти, надлежни институции и банки за потребите на својата работа.
Услови за работа:
· Редовна месечна плата;
· Полно работно време- 40 часа;
· Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено;
· Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
· Приватно здравствено осигурување;
· Континуирани обуки и стручно доусовршување;
· Исплата на минат труд.
Потребни квалификации:
· Високо обраозвание (Економска насока);
· Најмалку 5 години искуство, од кои 3 години на раководна позиција;
· Уверение за овластен сметководител
· Комуникациски вештини;
· Познавање на англиски јазик;
· Одлично познавање на Microsoft 365;
· Искуство со работа во IRP.
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.