ГРАД
Струмица
ПЛАТА
ДОГОВОР
Определено
ОДДЕЛ
Продажба
JOB POST
26/12/2024 - 01/09/2018
ПОЗИЦИИ
1
УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА

Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.

Одговара за остварување на висока изложеност и видливост на асортиманот, брендовите и артиклите со цел да придонесе за зголемување на продажбата и реализација на поставените таргети.

Одговорности како Унапредувач на продажбата

 

  • Го спроведува рут планот и ги остварува теренските активности на ефикасен начин
  • Поставува и одржува сталажи, дисплеи и други видови на опрема за изложување на брендовите и артиклите во согласност со процедурите и стандардите
  • Одговара за остварување на поставените цели од дневниот и месечниот план
  • Дава предлози за можности за соработка со определени продажни места
  • Гради добри односи на соработка со секое продажно место, врши проверка на залихите и роковите на производите на лагер во продажното место и договара спроведување на активности за подобрување на соработката во рамки на договорените услови за изложување на производите со купувачот

Ако сметате дека :

  • Вие сте тимски играч
  • Сакате работа во динамична средина
  • Поседувате организациски способности

Тогаш сте личноста за оваа работна позиција

Аплицирајте сега и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.

За возврат Еуро Табак нуди :

  • Можност за професионален и личен развој
  • Пријатна и пријателска работна средина
  • Постојано вработување и конкурентна плата
  • Динамична работа
ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?