Дистрибуцијата претставува еден од клучните елементи на процесот на продажба на производите. ЕуроТабак е компанија која се стреми кон совршена, навремена и точна дистрибуција на производите до крајните потрошувачи, преку различните канали на дистрибуција NKA, KA, LKA, TT, PS, HoReCa, Warehouse и Pharma сегментот. Позиционирањето на македонскиот пазар како лидер во дистрибуцијата и логистиката, ја постави и потребата за континуран раст и развој од аспект на човечки ресурси, технологија и маркетинг, со кој се постави и стандардот на работењето во овој сектор. Поради тоа ЕуроТабак, се влистува во дваесетте најголеми и најуспешни компании во Македонија.
Еуро Табак располага со 145 професионалци за продажба и дистрибуција во 15 дистрибутивни центри низ Македонија. Магацинскиот капацитет од 5,000 m2 на територијата на Македонија е со посебни температурни режими и различни видови на складирање што ги исполнуваат највисоките стандарди во оваа дејност.
Човечкиот потенцијал е клучот за успех и претставува најзначајниот ресурс за остварување на конкурентска предност. Од самиот почеток до денес, континуирано растеме во однос на бројот на вработени. Нашиот тим на професионалци континуирано се едуцира во областа на дистрибуцијата и логистиката, продажбата, маркетингот и психологијата на потрошувачот.
Еуро Табак поседува 87 возила за достава на производите, oпремени со најсовремена опрема за следење на возилата и рут планирање на доставата. Возниот парк постојано се обновува, а со оглед на потребите за дистрибуција, вклучува и возила со посебен систем за ладење за пренос на производи кои имаат потреба од температурен режим.
Она што ја покажува големината на една компанија од областа на дистрибуцијата и логистиката е начинот на работа и долгорочната соработка со партнерите. Еуро Табак има поставено мрежа на повеќе од 5000 продажни места каде се регистрираат повеќе од 1,500 посети на ден, а резултираат со пласман, продажба, и задоволни купувачи.
Со цел, производите да бидат навремено, точно и прецизно доставени до сите продажни места низ Македонија, Еуро Табак поседува 15 сопствени дистрибутивни центри низ Македонија. Дистрибутивните центри постојано се поврзани со централниот магацин во Скопје, преку кој се следи залихата на производите.
Територијата на Македонија ја покриваме преку 4 дистрибутивни региони. Секој регион го води регионален менаџер кој ви стои на располагање за сите ваши потреби.
Александар е регионалниот менаџер за Скопје, и можете да ја добиете на 070 293 874 или на email.
е регионалниот менаџер за Куманово, Тетово и Гостивар.
Симеон е регионалниот менаџер за Македонија Југозапад, и можете да го добиете на 072 278 595 или на email.
е регионалниот менаџер за Македонија Југоисток, и можете да го добиете на 071 242 469 или на email.
Од производствената линија до продажна локација, со 15 дистрибутивни центри низ Македонија, вашите производи секогаш ќе бидат доставени навремено и прецизно.
Без оглед на вашата индустрија, Еуро Табак може да ви обезбеди експертиза во логистиката која е прилагодена на вашите бизнис потреби. Нашите вертикали во индустриите ќе ви укажат како можеме да го поддржиме вашиот бизнис и да додадеме вредност во вашиот ланец на набавки.
Синџирот на снабдување со храна и пијалоци има големи побарувања, но во Еуро Табак ги покриваме сите негови основи. Ние нудиме складирање и дистрибуција со контрола на температурен режим, и обезбедуваме брзи и безбедни решенија за синџирот на снабдување. Покрај тоа, нашите специјалисти за продажба во прехранбената индустрија можат да ви ја понудат својата експертиза, со цел да ви помогнат со пентрација на нови пазари, како и поефикасен пласман на постоечките пазари.
Нашите тимови со високо познавање обезбедуваат низа на услуги со додадена вредност, како и незаменлива продажна поддршка во тобако индустријата. Нашата дистрибутивна мрежа за цигари е најголема во Македонија, вклучувајќи повеќе од 5.000 продажни места надвор од Скопје.
Euro Tabak е водечки снабдувач на услуги во синџирот на снабдување за телекомуникацискиот сектор. Нашите решенија за логистика и дистрибуција се дизајнирани да се приспособат кон потребите на нашите партнери и нивните потрошувачи. Тоа го постигнуваме преку нашата дистрибутивна мрежа за СИМ картички и електронски ваучери, која е најголема во земјата.
Ние нудиме врвни решенија за складирање и транспорт специјално приспособени за здравствените и козметичките синџири за снабдување. Нашите објекти внимателно ги менаџираат специјализирани тимови, а и постојано се следат за да ги исполнат највисоките стандарди. Ова ги вклучува температурно контролираните средини за складирање и транспорт.
Еуро Табак снабдува специјализирани хемикалии во секторот за Домашна Хигиена. Ние нудиме засебни услуги и инфраструктура кои гарантираат највисоки стандарди кога станува збор за безбедноста, здравјето, животната средина и квалитетот. Овие стандарди се применуваат на целиот наш логистички спектар од складирање до транспорт, со цел обезбедување на највисок квалитет на услуги на нашите партнери и нивните производи.