ГРАД
Скопје
ПЛАТА
ДОГОВОР
ОДДЕЛ
Продажба
JOB POST
09/02/2022 - 09/03/2022
ПОЗИЦИИ
1
Администратор – Скопје

Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.

 

Еуротабак има потреба од Администратор – Скопје

 

Цел на работното место:

 

  • Одговара за квалитетно и навремено изготвување на целокупната магацинска документација од прием до утовар на возило за достава. Ги дефинира збирните испораки по возило и одредува дневни рути на движење на возилата. Врши прием по документи, проверува испорака на стоки и материјали во Централните магацини и ги врши сите административни и технички работи.

 

Услови за работа:

  • Редовна месечна плата;
  • Полно работно време- 40 часа;
  • Работа на определено време;
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;

 

Потребни квалификации:

  • Средно или високо образование;
  • Пожелно е поседување возачка дозвола, Б категорија;
  • Најмалку 2 години работно искуство во вршење на општи, административни работи.
  • Компјутерски вештини,добро познавање на MS Office package ( Word, Excel, PowerPoint, Outlook)
  • Искуство во работење со магацинска опрема;
  • Општо познавање на модерната комуникациска технологија;
  • Познавање на транспортни возила и товарни вилушкари

 

Работни задачи:

  • Контрола при прием на стоки и материјали;
  • Управува со докумнетација и податоци;
  • Евиденција на стоки и материјали;
  • Проверка и попис на залихи;
  • Примена на процедури;
  • Други задачи по налог на претпоставениот

 

 

Како да аплицирате:

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.

 

Краен рок за аплицирање: до 09.03.2022

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?