ГРАД
Скопје
ПЛАТА
ДОГОВОР
ОДДЕЛ
Контролинг
JOB POST
19/12/2023 - 15/01/2024
ПОЗИЦИИ
1
Аналитичар на продажба

Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.

Еуротабак има потреба од Аналитичар на продажба.

 

Цел на работното место:

Како аналитичар на продажба вие ќе бидете одговорни за собирање на пазарни податоци, анализа на продажбата, давање на повратни информации за унапредување на продажните активности како и за воспоставување на ефикасен и ефективен систем за детектирање и адресирање на out-of-stock ситуации во продажните места.

 

Работни задачи:

  • Анализира и известува за продажните перформанси;
  • Дава насоки на продажниот тим;
  • Прави проекции за побарувачката на различните производи;
  • Подготвува и презентира извештаи за остварени продажни резултати;
  • Придонесува кон развојот на продажните планови;
  • Изработка на извештаи за out-of-stock производи по продажно место;
  • Ја следи реализацијата на промотивните активности;
  • Прави проценки на продажните потенцијали и дава препораки до продажниот тим;
  • Прави истражувања на пазарот за трендовите во индустријата, конкурентските активности, барањата на купувачите;

 

Услови за работа и бенефиции:

  • Редовна месечна плата;
  • Полно работно време – 40 часа;
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Континуирани обуки и стручно доусовршување;

 

Потребни квалификации:

  • Основни познавања во сметководство, финансии, маркетинг;
  • Искуство во анализа на продажба;
  • Поседува силни аналитички вештини и способност за толкување на сложени податоци;
  • Прецизност и ориентираност кон детали за да обезбеди точност и целосност на направените анализи;
  • Пожелно е да има искуство со софтвер за ERP, CRM како и алатки за визуелизација на податоци како што е Power BI;
  • Поседува вештини за предвидување и проекција на податоци;
  • Поседува одлични комуникациски и презентациски вештини;
  • Способност за самостојна работа, но и како дел од тим;
  • Познавање на предизвиците на индустријата во која се анализираат податоците;

 

Како да аплицирате:

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?