ГРАД
Скопје/Македонија
ПЛАТА
ДОГОВОР
ОДДЕЛ
Продажба и Маркетинг
JOB POST
11/01/2021 - 10/02/2021
ПОЗИЦИИ
1
Бренд координатор/ка

Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.

Еуротабак има потреба од Бренд координатор/ка

Услови за работа:
– Редовна месечна плата
– Полно работно време- 40 часа
– Пријатна работна атмосфера
– Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства

Потребни квалификации:
– ВСС, Економија, маркетинг, бизнис администрација
– Возачка дозвола, Б категорија;
– Посетувани семинари и курсеви за маркетинг, бренд менаџмент или деловна администрација
– Најмалку 5 години работно искуство во продажба и маркетинг
– Одлично познавање на деловен англиски јазик;
– Општо познавање на модерната комуникациска технологија;

Работни задачи:

– Учествува во развивање на маркетинг стратегијата за референтниот бренд / брендови.
– Во согласност со стратегијата на брендот, учествува во спроведувањето на годишниот маркетинг план во договор со претпоставениот.
– Учествува во развивањето промотивни планови и во спроведувањето на промотивните активности за брендот / брендовите.
– Подготвува и доставува извештаи за активностите и резултатите на својата работа.
– Подготвува маркетинг извештаи по брендови, групи брендови / програми, цени, канали, удел на пазарот, итн., за брендот / брендовите што ги води во неговото портфолио.
– Лансирање и промоција на бренд.
– Го управува маркетинг буџетот на брендот или група брендови и во согласност со претпоставениот ја насочува неговата распределба во разновидни маркетинг активности.

Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.

Краен рок за аплицирање: 10.02.2021

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?