Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Бренд координатор/ка
Услови за работа: – Редовна месечна плата – Полно работно време- 40 часа – Пријатна работна атмосфера – Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства
Потребни квалификации: – ВСС, Економија, маркетинг, бизнис администрација – Возачка дозвола, Б категорија; – Посетувани семинари и курсеви за маркетинг, бренд менаџмент или деловна администрација – Најмалку 5 години работно искуство во продажба и маркетинг – Одлично познавање на деловен англиски јазик; – Општо познавање на модерната комуникациска технологија;
Работни задачи:
– Учествува во развивање на маркетинг стратегијата за референтниот бренд / брендови. – Во согласност со стратегијата на брендот, учествува во спроведувањето на годишниот маркетинг план во договор со претпоставениот. – Учествува во развивањето промотивни планови и во спроведувањето на промотивните активности за брендот / брендовите. – Подготвува и доставува извештаи за активностите и резултатите на својата работа. – Подготвува маркетинг извештаи по брендови, групи брендови / програми, цени, канали, удел на пазарот, итн., за брендот / брендовите што ги води во неговото портфолио. – Лансирање и промоција на бренд. – Го управува маркетинг буџетот на брендот или група брендови и во согласност со претпоставениот ја насочува неговата распределба во разновидни маркетинг активности.
Како да аплицирате: Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: 10.02.2021