ГРАД
Скопје
ПЛАТА
ДОГОВОР
ОДДЕЛ
Продажба и Маркетинг
JOB POST
22/07/2021 - 20/08/2021
ПОЗИЦИИ
1
Бренд менаџер/ка

Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.

 

Еуротабак има потреба од Бренд менаџер/ка

 

Потребни квалификации:

  • ВСС, Економија, маркетинг, бизнис администрација
  • Возачка дозвола, Б категорија;
  • Посетувани семинари и курсеви за маркетинг, бренд менаџмент или деловна администрација
  • Најмалку 5-7 години работно искуство во продажба и маркетинг, од кои 3 години на раководна позиција;
  • Одлично познавање на деловен англиски јазик;
  • Општо познавање на модерната комуникациска технологија;

 

Работни задачи:

 

  • Развива, приспособува и спроведува маркетинг стратегија за брендови / артикли во согласност со компаниската стратегија за портфолиото и за секој поединечен бренд.
  • Ги креира, управува и спроведува годишните маркетинг планови за брендовите.
  • Развива, приспособува и спроведува продажна стратегија за брендови.
  • Одржување на состаноци со потенцијални клиенти/купувачи.
  • Градење на односи со сегашни и потенцијални идни клиенти/купувачи.
  • Планира и спроведува маркетинг истражувања со цел да обезбеди податоци, информации и сознанија за маркетинг трендови, потреби на пазарот, побарувачка, потреби на потрошувачи, итн.
  • Управува со проекти и активности за лансирање на брендови и производи / артикли во портфолиото на компанијата согласно плановите за промоција и буџетите.
  • Раководи со маркетинг буџетот во рамки на своите одговорности
  • Подготвува месечни, квартални и годишни извештаи за маркетинг активностите и ефектите за брендовите.

 

 

Како да аплицирате:

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.

 

Краен рок за аплицирање: 20.08.2021

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?