ГРАД
Кавадарци
ПЛАТА
ДОГОВОР
Определено
ОДДЕЛ
Продажба
JOB POST
30/08/2018 - 07/09/2018
ПОЗИЦИИ
1
РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОДАЖЕН ЦЕНТАР – КАВАДАРЦИ

Гарантира спроведување на ефикасна продажба и дистрибуција на стоки до купувачите. Ги раководи, планира, организира, насочува и контролира сите деловни, административни, продажни и дистрибутивни активности на продажниот центар на зададената продажна територија. Гарантира реализација на продажните цели и резултати. Спроведува активности за зголемување на продажните резултати и учество во пазарниот сегмент.

Во предвид ќе бидат земени само оние апликации направени преку нашата веб страна:  http://eurotabak.com.mk/kariera/   и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.

 

Одговорности како Раководител на продажен центар :

 

Управување со продажен центар:

  • Гарантира ефикасно управување со продажниот центар и остварување на поставените цели и резултати во продажбата и дистрибуцијата.
  • Спроведува активности за зголемување на продажните резултати и учеството во пазарниот сегмент.
  • Прави проверки за залиха на лагер во продажниот центар и во соработка со сектор логистика (набавки, централни магацини и дистрибуција) обезбедува потребни количини за продажба и дистрибуција.

 

             Управување и водење на продажната сила:

  • Ги води и насочува вработените во продажниот центар во планирањето и реализацијата на нивните активности со цел да се достигне планираната продажба.
  • Ги координира и контролира активностите на продажната сила за реализација на дневните рут планови
  • На дневна основа ги задолжува и раздолжува вработените во продажбата со трговски стоки и готовински средства.
  • Редовно ја следи и оценува работата на вработените во продажниот центар со цел да ги зголемува нивната перформанса и резултати.

 

           Управување со готовински средства, Надзор и контрола:

  • Гарантира правилно и наменско ракување со готовинските средства на компанијата по основ на денарски уплати и исплати кои се евидентираат преку благајната.
  • Врши контрола на финансиските индикатори на продажниот центар и на наплатата.
  • Врши контрола на локалната дистрибуција и го контролира остварувањето на поставените цели.
  • Постојано ја контролира продажбата и го известува претпоставениот за текот и резултатите.
  • Врши редовен попис еднаш месечно и учествува во вонредни пописи.

 

Ако сметате дека :

  • Вие сте тимски играч
  • Имате одлични преговарачки вештини
  • Поседувате организациски и менаџерски способности
  • Сакате работа во динамична средина

 

Тогаш сте личноста за оваа работна позиција!

 

За возврат Еуро Табак нуди :

  • Можност за професионален и личен развој
  • Пријатна и пријателска работна средина
  • Постојано вработување и конкурентна плата
  • Динамична работа
ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?