ГРАД
Скопје
ПЛАТА
ДОГОВОР
ОДДЕЛ
Логистика
JOB POST
01/12/2023 - 20/12/2023
ПОЗИЦИИ
1
Соработник за набавка на трговска стока

Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.

 

Еуротабак има потреба од Соработник за набавка на трговска стока.

 

Цел на работното место:

Гарантира спроведување на активности неопходни за набавка на стоки за тргување, врши надзор и контрола на испораките и се грижи да остварува ефикасни набавки, оптимални залихи и заштеди за компанијата.

Услови за работа и бенефиции:

· Редовна месечна плата;

· Полно работно време – 40 часа;

· Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено

· Пријатна работна атмосфера;

· Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;

· Приватно здравствено осигурување;

· Континуирани обуки и стручно доусовршување

 

Потребни квалификации:

· Високо образование;

· Од 5-7 години работно искуство во набавки. Пожелно е раководно искуство од најмалку 3 години.

· Комуникациски вештини;

· Одлично познавање на деловниот Англиски јазик;

· Одлично познавање на MC Office – Excel, Word

 

Работни задачи:

· Гарантира подготовка и достава на барања до добавувачи, вклучувајќи и подготовка на детални спецификации, услови во врска со затворена конкурентска понуда или предлог, обврзувачки и безбедносни услови и информации, мостри, примероци од договор и други посебни услови.

· Ги следи секојдневно и ги контролира залихите на лагер листа во Централните магацини и во продажните центри и гарантира обезбедување на оптимални залихи на стоки за тргување.

· Се грижи документацијата да биде целосна и точна, и проследена до одговорното лице со цел да се извршат плаќања согласно договорите.

· Организира и управува со активности за прием и обработка на документи, ажурирање на податоци и налози за набавки, ажурирање на цени и податоци за добавувачи, активности за проверка на залихи во магацините, состојби од пописи, расходувани стоки, растур, кало, итн.

· Подготвува и доставува до претпоставениот неделни и месечни извештаи за состојбата на залихи на лагер за својата група на трговски стоки.

· Креира и предлага процедури во доменот на својата работа (набавка, овластувања, критериуми за оценување на добавувачи, склучување на договори, складирање, постапување со несоодветни суровини, материјали за пакување и репроматеријали, итн.).

 

Како да аплицирате:

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?