ГРАД
Скопје
ПЛАТА
ДОГОВОР
ОДДЕЛ
Продажба
JOB POST
03/01/2024 - 25/01/2024
ПОЗИЦИИ
1
Унапредувач на продажба

Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.

Еуротабак има потреба од Унапредувач на продажба

Услови за работа:

  • Редовна месечна плата;
  • Полно работно време- 40 часа;
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;

Потребни квалификации:

  • Средно или високо образование;
  • Возачка дозвола, Б категорија;
  • Комуникациски вештини;
  • Општо познавање на модерната комуникациска технологија;

Работни задачи:

  • Го спроведува рут планот и ги остварува теренските активности на ефикасен начин;
  • Поставува и одржува сталажи, дисплеи и други видови на опрема за изложување на брендовите и артиклите во согласност со процедурите и стандардите;
  • Одговара за остварување на поставените цели од дневниот и месечниот план;
  • Дава предлози за можности за соработка со определени продажни места;
  • Гради добри односи на соработка со секое продажно место, врши проверка на залихите и роковите на производите на лагер во продажното место и договара спроведување на активности за подобрување на соработката во рамки на договорените услови за изложување на производите со купувачот;

Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?