Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Раководител на продажниот центар во Тетово
Услови за работа:
– Редовна месечна плата
-Полно работно време- 40 часа
-Работа на определено време
-Пријатна работна атмосфера
-Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства
Потребни квалификации:
-Средно или високо образование;
-Возачка дозвола, Б категорија;
-Најмалку 3 години работно искуство во продажба и дистрибуција;
– Добро познавање на англиски јазик;
– Искуство во работење со канцелариска опрема;
– Општо познавање на модерната комуникациска технологија;
Работни задачи:
-Гарантира спроведување на ефикасна продажба и дистрибуција на стоки до купувачите;
-Ги раководи, планира, организира, насочува и контролира сите деловни, административни, продажни и дистрибутивни активности на продажниот центар на зададената продажна територија;
– Гарантира реализација на продажните цели и резултати;
– Спроведува активности за зголемување на продажните резултати и учество во пазарниот сегмент.
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: до 20.10.2018