Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Соработник за набавки – Скопје
Цел на работното место:
– Гарантира спроведување на активности неопходни за набавка на стоки за тргување, врши надзор и контрола на испораките и се грижи да остварува ефикасни набавки, оптимални залихи и заштеди за компанијата.
Услови за работа:
– Редовна месечна плата;
– Полно работно време- 40 часа;
– Пријатна работна атмосфера;
– Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
Потребни квалификации:
– Високо обрзование во областа на логистика-набавка
– Одлично познавање на Office
– Напредно познавање Excel
– Од 5-7 години работно искуство во набавки.
– Сертификати од посетувани курсеви за надворешно-трговско работење, управување со набавки, обезбедување на квалитет и/или стандарди за квалитет.
– Мотивираност и желба за постигнување резултати
– Проактивност, иницијатива и насоченост кон изнаоѓање решенија, развиена логичност, аналитичност
– Организираност и флексибилност
– Одлични вештини за комуникација, пишања и вербална
– Развиено чуство за тимска работа, одгворност и уредност
Работни задачи:
– Односи со добавувачи
– Залихи и оптимален лагер
– Реализација на набавки
– Договори и документација
– Соработка со други сектори
– Соработка со шпедиции и државни институции
– Евиденција на податоци
– Прегледи и извештаи
– Управување со документација
– Законска регулатива
– Процедури и стандарди
– Планирање
– Учествува во подготовката и реализацијата на буџетот за набавки во својата област
– Активно учествува во проектни тимови како експерт во својата специјалност.
– Врши и други задачи по налог на претпоставениот.
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: до 26.11.2022