ПРОДАЖБА
ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ

Во Еуро Табак користиме интелигентни логистички решенија за да ги надминеме потребите на нашите клиенти. Ние инвестираме во технологија во сите аспекти на нашите услуги со цел да обезбедиме целосно интегрирано решение кое одговара на вашите бизнис цели. Од влезната логистика – до складирање, како и исполнување на нарачки, продажба и следење на достава преку GPS, постојано ги надгледуваме и прилагодуваме софтверот и системите спрема барањата на нашите партнери и клиенти.

ХАРДВЕР

Нашите логистички решенија се надополнети со најсовремената технологија во хардверот, со цел да се задоволат барањата на нашите клиенти. Меѓу многуте уреди кои ги користиме се терминалите за прибирање на податоци Motorola MC67 – опремени со GPS модули и баркод скенери, iPad таблети за комерцијални цели и правење на нарачки, и Леново таблети за малопродажба. Дополнително, нашите возила за дистрибуција се опремени со GPS модули за 24/7 следење во живо на испораката.

МАРКЕТИНГ

Ако сакате да бидете само еден од производите – одете на намалување на цена и ќе ве забележат, доколку сакате да бидете производот со став – одете со развој на брендот! Еуро Табак верува во второто, дека единствено со дистинкција во категориите и со истакнување на специфичностите на брендот се гради нераскинливата врска со потрошувачот, а при тоа целото искуство на конзумација добива една поинаква диманзија. Прилагодување на продажната цена, постаувавње на вистинското продажно место, анализа на карактерстиките на производот и негова промоција, односно истакнувањето токму на специфичностите се процесите кои ги минуваат сите производи на Еуро Табак, пред да започне продажбата и дистрибуцијата на истите.

Маркетингот е тесно поврзан со продажбата, но Еуро Табак оди и чекор понатаму и особено се грижи за развојот на  брендот кој може да зависи од многу фактори. Да се биде чекор пред пазарот значи: анализа, тестирање, будно следење на регулативи, технологии, на промени на однесување на целните групи, глобални трендови и локални случувања. 

СПРЕМНИ СТЕ ЗА ПОНУДА?

Доколку сте заинтересирани за соработка, пополнете ја формата и испратете ни барање за понуда. Нашиот тим ќе ви одговори во најбрзо можно време.