ГРАД
Скопје
ПЛАТА
ДОГОВОР
ОДДЕЛ
Логистика
JOB POST
15/10/2024 - 15/11/2024
ПОЗИЦИИ
1
Координатор на достава

Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.

 

Еуротабак има потреба од Координатор на доставa

 

Координаторот за транспорт е одговорен за планирање, менаџирање и подобрување на дистрибуцијата. Координаторот за транспорт треба да ги предвидува дистрибутивните потреби, да ги надгледува патните налози кои излегуваат на дневна основа и да планира ефикасен и безбеден транспорт.

 

Одговорности како Координатор на достава :

  • Планирање на достава на дневно и неделно ниво
  • Следење на нарачки со цел ефикасно планирање на доставата
  • Следење на трошоците за доставата (внатрешна и надворешна)
  • Предложува иницијативи за заштедување на трошоци за достава
  • Гарантира за целосна и точна документација
  • Ја организира целосната документација за достава

 

Услови за работа:

  • Редовна месечна плата;
  • Полно работно време- 40 часа;
  • Работа на определено време со можност за премин на неопределено;
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Исплата на минат труд;
  • Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;

 

Потребни квалификации:

  • Средно или високо образование;
  • Возачка дозвола, Ц категорија;
  • Комуникациски вештини;
  • Општо познавање на модерната комуникациска технологија и познавање на софтвери за логистичко работење;
  • Претходно искуство со Microsoft Teams;

 

Како да аплицирате:

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?