Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Унапредувач на продажба
Услови за работа:
– Редовна месечна плата;
– Полно работно време- 40 часа;
– Пријатна работна атмосфера;
– Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
Потребни квалификации:
– Средно или високо образование;
– Возачка дозвола, Б категорија;
– Комуникациски вештини;
– Општо познавање на модерната комуникациска технологија;
Работни задачи:
– Го спроведува рут планот и ги остварува теренските активности на ефикасен начин;
– Поставува и одржува сталажи, дисплеи и други видови на опрема за изложување на брендовите и артиклите во согласност со процедурите и стандардите;
– Одговара за остварување на поставените цели од дневниот и месечниот план;
– Дава предлози за можности за соработка со определени продажни места;
– Гради добри односи на соработка со секое продажно место, врши проверка на залихите и роковите на производите на лагер во продажното место и договара спроведување на активности за подобрување на соработката во рамки на договорените услови за изложување на производите со купувачот;
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.