ГРАД
Скопје
ПЛАТА
ДОГОВОР
ОДДЕЛ
Логистика
JOB POST
09/02/2023 - 09/03/2023
ПОЗИЦИИ
1
Администратор ( Магацин )

Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.

 

Еуротабак има потреба од Администратор  – Скопје

Услови за работа:

– Редовна месечна плата;

– Полно работно време- 40 часа;

– Пријатна работна атмосфера;

– Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;

Потребни квалификации:

– Средно или високо образование;

– Најмалку 2 години искуство во административни работи;

– Комуникациски вештини;

– Општо познавање на модерната комуникациска технологија;

Работни задачи:

– Одговара за вршење на влезна контрола на видот и количините на влезни стоки и материјали по испратница и подготвува приемница со цел да обезбеди квалитет и точна бројност при прием.

– Обезбедува подготовка и достава на потребните документи, информации и налози до возачите кои вршат достава на стоки до купувачите и тоа за возачот, за возилото и компанијата пред да се товараат возилата и пред нивното заминување на пат.

– Врши проверки на залихи во ситуации на попис, ја утврдува точноста и врши усогласување со материјалната евиденција со цел да го подобри квалитетот и прецизноста на податоците од пописот.

– Врши прием, контрола и архивирање на документи во врска со видови и количини од прием, складиштење, издавање и достава на стоки и материјали.

Како да аплицирате:

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.

 

Краен рок за аплицирање: до 20.03.2023

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?