ГРАД
Скопје
ПЛАТА
ДОГОВОР
Определено
ОДДЕЛ
Логистика
JOB POST
21/08/2018 - 16/09/2018
ПОЗИЦИИ
1
ДИРЕКТОР НА ЛОГИСТИКА

Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.

Гарантира ефикасна организација и управување со секторот Логистика со цел да обезбеди оптимален лагер на стоки и квалитет на дистрибуцијата до купувачите.

Одговорности како Директор на Логистика  :

Набавки

  • Гарантира навремено и точно планирање на набавките во рамки на план во координација со сектор продажба, сектор финансии, сектор маркетинг и со претпоставениот

Дистрибуција  

  • Гарантира подготовка на ефикасни дистрибутивни планови со цел да оствари оптимална искористеност на возилата за дистрибуција и да оствари заштеди.
  • Гарантира ефикасна организација на возила и возачи за навремена достава на стоки и материјали до купувачите и до продажните центри на компанијата.

Возен парк

  • Гарантира квалитетни услуги за одржување во избраните сервисни центри, отвара налози и добива дозвола за прифаќање на возилата во сервисна процедура
  • Проверува, одобрува, подготвува и реализира документи во врска со плаќања.
  • Управува со активности за отстранување на штети настанати од трета страна
  • Организира избор и ангажман на надворешни сервиси.

Буџет 

  • Го подготвува буџетот на секторот и ја контролира неговата реализација со цел да воспостави ефикасна контрола врз трошоците и да оствари оптимални заштеди. 

Управување со луѓе 

  • Ја управува и контролира работата на вработените и одговара за градење на способна, посветена и флексибилна работна сила.
  • Се грижи секој член на тимот да биде соодветно опремен, обучен и насочен во извршувањето на работните обврски.
  • Врши евалуација на работата на вработените во магацинот, ги води, советува и едуцира и дава предлози за нивниот личен развој.
  • Одговара вработените со кои управува да ги применуваат важечките процедури.

Процедури и стандарди 

  • Организира и координира креирање и донесување на процедури во доменот на својата работа и одговорности (набавки, овластувања, критериуми за оценување на добавувачи, договори, складирање, постапување со несоодветни суровини и материјали, итн.)

Работни и професионални искуства

  • Од 7 – 10 години работно искуство во логистика. Пожелно е раководно искуство од најмалку 3 години.

Ако сметате дека :

  • Вие сте тимски играч
  • Сакате работа во динамична средина

        

                               Тогаш сте личноста за оваа работна позиција!

 

Аплицирајте сега на нашата веб страна :  http://eurotabak.com.mk/kariera/  и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.

За возврат Еуро Табак нуди :

  • Можност за професионален и личен развој
  • Пријатна и пријателска работна средина
  • Постојано вработување и конкурентна плата
  • Динамична работа

 

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?