ГРАД
Скопје
ПЛАТА
ДОГОВОР
ОДДЕЛ
Сметководство
JOB POST
26/09/2024 - 26/10/2024
ПОЗИЦИИ
1
РАКОВОДИТЕЛ НА СМЕТКОВОДСТВО

Еуро Табак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи

     ЕУРО ТАБАК ИМА ПОТРЕБА ОД РАКОВОДИТЕЛ НА СМЕТКОВОДСТВО

Цел на работното место:

Гарантира ефикасна организација и управување на Одделението Сметководство, организира и спроведува ефикасна книговодствена поддршка за управувањето со финансиите на компанијата, гарантира редовно книжење и ажурирање на податоците во материјалната книговодствена евиденција. 

 

Работни задачи: 

  •  Спроведува ефикасно управување и надзор на сите книговодствени процеси и операции во одделението во согласност со законските прописи, меѓународните сметководствени стандарди и компаниските процедури и воспоставува соодветни интерни контроли. 
  • Подготвува и координира книжење во главната книга и сложување на сите книговодствени конта. 
  • Ги анализира месечно состојбите, идентификува варијанси и врши прилагодувања во главна книга. 
  • Учествува во процеси на креирање на буџети на организациските единици и при подготовка на бизнис планот на компанијата. 
  • Врши контрола на ставките во бруто биланс по контен план.  
  • Врши  контрола  на  сите  рачно контирани  документи  во  сметководство. 

Даноци и ревизии 

 

  • Обезбедува пресметка на даноци, царини, јавни давачки, такси и акцизи. 
  • Учествува во подготовка и достава на финансиски извештаи кон надворешни надлежни институции  
  • Гарантира ефикасно и точно книжење и евидентирање на даночните обврски на компанијата во согласност со закон со цел да овозможи нивно соодветно плаќање.  
  • Учествува во ревизии, вклучувајќи и годишни надворешни ревизии, и соработува со претставници на даночни контроли од надлежни институции согласно закон 

 

Извештаи и прегледи 

 

  • Подготвува интерни и екстерни извештаи, ревидира и ажурира извештаи според потребите. 
  • Учествува во подготовка завршна сметка. 
  • Изготвува месечни прегледи на даноци, ажурира и подготвува пријави за ДДВ 

 

Книжење 

 

  • Ги координира активностите за воведување и ажурирање на конта и книжење според контен план. 
  • Гарантира спроведување на точни и редовни книжења на дневна основа.  
  • Ги затвора месечните сметки и пресметката. 

 

Водење на главна книга 

  • Самостојно го води книговодството на компанијата согласно законските прописи и интерните процедури согласно МСС и МСФИ. 
  • Контролира влезни и излезни фактури, денарски и девизни изводи и други документи за да ја евидентира состојбата во главната книга. 
  • Врши пресметка на ДДВ обврски, подготвува ДДВ пријави и книжи ДДВ.  
  • Врши сложување и анализа на бруто биланс.  
  • Учествува во изготвување завршна сметка и врши консолидирање на билансите. 
  • Соработува со коминтенти, надлежни институции и банки за потребите на својата работа. 

 

Услови за работа: 

  • Редовна месечна плата; 
  • Полно работно време- 40 часа; 
  • Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено; 
  • Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства; 
  • Приватно здравствено осигурување; 
  • Континуирани обуки и стручно доусовршување; 
  • Исплата на минат труд. 

 

Потребни квалификации: 

  • Високо обраозвание (Економска насока); 
  • Најмалку 5 години искуство, од кои 3 години на раководна позиција; 
  • Уверение за овластен сметководител 
  • Комуникациски вештини; 
  • Познавање на англиски јазик; 
  • Одлично познавање на Microsoft 365; 
  • Искуство со работа во IRP. 

 

Како да аплицирате: 

    Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак. 

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?