Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Теренски комерцијален референт – Тетово
Услови за работа:
– Редовна месечна плата;
– Полно работно време- 40 часа;
– Пријатна работна атмосфера;
– Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
Потребни квалификации:
– Средно или високо образование;
– Возачка дозвола, Б категорија;
– Најмалку 1 година искуство во продажба;
– Комуникациски вештини;
– Општо познавање на модерната комуникациска технологија;
Работни задачи:
– Планирање и организирање на продажни активности;
– Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата;
– Развивање и одржување на односите со клиентите;
– Прием на нарачки и наплата;
– Изработка на потребна документација
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.