Со седиште во градот Загреб, Franck е основана во 1892 година како дел од германската мултинационална компанија “Heinrich Franck Söhne” која започнала да работи на 21 јуни 1883 година. Пред Втората светска војна, Franck произведувал замени за кафе, но во последните 50 години го збогатува производството со воведување различни иновации.
Со тоа, го прошируваат својот асортиман на кафе, чај, закуски, зачини, шеќер во прав и мирудии. По приватизацијата во 1992 година, Franck ја започна ерата на модернизација. Тие воведоа бројни иновации на пазарот, како што се мелено кафе Franck Crema, кое може да се подготви како инстант кафе, како и редовно кафе, инфузија чеави Coolup! кои можат да бидат подготвени со ладна вода или различни вкусови на Franck Café Cappuccino.