ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕО НАДЗОР

 

 

Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што Друштвото за трговија и услуги ЕУРО ТАБАК ДОО Скопје (во натамошниот текст: Контролор), ги собира од вас при посета на службените/деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци.

 

1.Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?

Контролорот собира лични податоци преку системот за видео надзор од следните причини (цели): – да се контролира пристапот до објектот (зграда, влез, простории.)во Администартивно деловниот простор на контролорот, заедно со Централниот магацин во Скопје, на ул: Босна и Херцеговина 11 А Скопје, и  Подружниците на друштвото во Куманово, Крива Палнка, Штип, Кочани, Струмица, Гевгелија, Кавадарци, Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Дебар, Кичево, Гостивар и Тетово, и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените во Контролорот и посетителите, како и на имот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите, за да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, магацини, ИТ инфраструктура или оперативни информации и  да се спречи, открие и да се испита кражба на трговската стока, опремата или средства во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад), или други неовластени дејства и злоупотреби на средствата за работа.

Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, и да  препознаат лица .

Камерите за видео надзор се инсталираат на посебни уреди за снимање и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до службените/деловните простории (објекти), магацинскиот простор каде е скадирана трговската стока, местото на задолжување со документација и средувањето на дневниот промет(канцеларии), вклучително и местото за паркирање, како и магацинскиот простор каде е складирана трговската стока.

Системот со видео надзор ја опфаќа областа на: дел од коридорот пред влезовите на објектите на контролорот , внатрешниот простор на објектите на контролорот каде што се одвиваат службени дејствија, коридорот пред и околу подружниците на друштвото , коридорот пред и околу магацинот на контролорот во неговото седиште.

Снимките од видео наздорот можат да бидат пренесени до истражните органи во   рамките на кривична истрага.

 

2.Какви податоци собира Контролорот?

Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.

 

3.Кој е одговорен за обработка на податоците?

Контролорот е субјект кое ја врши обработката на личните податоци и кое ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

 

4.Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видео надзор?

Контролорот користи опрема за видео надзор за: заштита на сопственоста и  обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории. Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци.

Покрај тоа, на влезот на сите објекти каде што се врши видео надзор , има видливо и јасно истакнато известување за видео надзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видео надзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видео надзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видео надзор.

 

5.Кој може да ги види моите лични податоци?

До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видео надзор или од strana na ангажираната Агенција за приватно обезбедување.

Пристапот до дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видео записите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица). До податоците, односно видео записите не може да се пристапи.

 

6. Како да ги контролирате вашите податоци?

Може да испратите барање по пошта на : ДТУ ЕУРО ТАБАК ДОО Скопје, ул: Босна и Херцеговина 11 А Скопје, или да го испратите своето барањe на меил:eurotabak@eurotabak.com.mk

 

7. Можам ли да пристапам до моите податоци?

Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање до ДТУ ЕУРО ТАБАК ДОО Скопје, или на меил на :eurotabak@eurotabak.com.mk

 

8. Можам ли да ги менувам моите податоци?

Не е дозволено изменување на видео записот за видео надзор.

 

9. Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?

Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање на ДТУ ЕУРО ТАБАК ДОО Скопје ,ул. Босна и Херцеговина 11 А Скопје, или на е-пошта на eurotabak@eurotabak.com.mk, кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработка и кога работењето е незаконско и вие се спротивставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето во секој случај не е возможно во случај на истрага или постапка согласно закон.

 

10. Дали можам да ги избришам моите податоци?

Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање на ДТУ ЕУРО ТАБАК ДОО Скопје, или на е-пошта на eurotabak@eurotabak.com.mk, кога обработката е незаконска.

 

11.Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?

Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.

 

12.Дали имам право на приговор?

Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на барање на ДТУ ЕУРО ТАБАК ДОО Скопје, ул.Босна и Херцеговина 11 А, или на е-пошта на eurotabak.com.mk, кога имате легитимни причини во врска вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

 

13.Што можам да направам во случај на проблем?

а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта до eurotabak@eurotabak.com.mk и да побарате да преземе акција.

б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податoци на:

radica.mojsova@eurotabak.com.mk

в) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.

 

14.Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видео надзор?

Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот.

 

15.Безбедност на личните податоци.

Контролорот е посветен на заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.

 

16.Колку долго ги чуваме вашите податоци?

Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци до 30 календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видео записи автоматски се бришат.