Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Систем Администратор – Скопје
Цел на работното место:
Обезбедува квалитетно одржување на функционалноста на информациските системи во компанијата со цел да придонесе во зголемувањето на ефикасноста, обезбедувајќи квалитетна помош и поддршка за корисниците.
Услови за работа:
Редовна месечна плата;
Полно работно време- 40 часа;
Работа на определено време;
Пријатна работна атмосфера;
Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
Потребни квалификации:
ВСС – ВИИ степен, ЕТФ, насока информатичка и коминикациска технологија:
Возачка дозвола, Б категорија;
Сертификати од посетувани курсери за серверска администрација и мрежни компоненти
Најмалку 2-3 години работно искуство во оддржување на оперативни системи, искуство во Њиндоњс А/Џ .
Познавање на ИП безбедносна опрема и технологии, вклучувајќи и фирењалл/ВПН уреди, системи за детекција и превенција на надворешни упади, ИПСЕЦ, детектори и слично
Одлично познавање на деловниот Англиски јазик;
Познавање на ИТ опрема и мрежни активни компоненти.
Искуство во одржување на сложени мрежни системи.
Работни задачи:
Одржуввање на системи; Ги одржува, контролира и надградува серверите (маил сервер, Интернет сервер, филе сервер, Го управува Сервер-от, го одржува, отвара акаунти за нови корисници, контролира бацк-уп процеси, дава дозволи за пристап на одредени корисници.
Ја администрира мрежната инфраструктура
Врши инсталација, одржување и надградба на хардвер, на софтвер и на сервер.
Врши инсталација и конфигурирање на информатичка опрема во согласност со потребите на корисниците од функционалност на опремата;
Обезбедува комплетна безбедност на информациските системи (бацк-уп на податоци, антивирусна заштита, итн.);
Учествува во идентификација и анализа на потреби од развој на системот, подготвува и предлага развојни концепти;
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: до 14.03.2022