Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Аналитичар на продажба.
Цел на работното место:
Како аналитичар на продажба вие ќе бидете одговорни за собирање на пазарни податоци, анализа на продажбата, давање на повратни информации за унапредување на продажните активности како и за воспоставување на ефикасен и ефективен систем за детектирање и адресирање на out-of-stock ситуации во продажните места.
Работни задачи:
· Анализира и известува за продажните перформанси;
· Дава насоки на продажниот тим;
· Прави проекции за побарувачката на различните производи;
· Подготвува и презентира извештаи за остварени продажни резултати;
· Придонесува кон развојот на продажните планови;
· Изработка на извештаи за out-of-stock производи по продажно место;
· Ја следи реализацијата на промотивните активности;
· Прави проценки на продажните потенцијали и дава препораки до продажниот тим;
· Прави истражувања на пазарот за трендовите во индустријата, конкурентските активности, барањата на купувачите;
Услови за работа и бенефиции:
· Редовна месечна плата;
· Полно работно време – 40 часа;
· Пријатна работна атмосфера;
· Приватно здравствено осигурување;
· Континуирани обуки и стручно доусовршување;
Потребни квалификации:
· Основни познавања во сметководство, финансии, маркетинг;
· Искуство во анализа на продажба;
· Поседува силни аналитички вештини и способност за толкување на сложени податоци;
· Прецизност и ориентираност кон детали за да обезбеди точност и целосност на направените анализи;
· Пожелно е да има искуство со софтвер за ERP, CRM како и алатки за визуелизација на податоци како што е Power BI;
· Поседува вештини за предвидување и проекција на податоци;
· Поседува одлични комуникациски и презентациски вештини;
· Способност за самостојна работа, но и како дел од тим;
· Познавање на предизвиците на индустријата во која се анализираат податоците;
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.