ГРАД
Скопје
ПЛАТА
ДОГОВОР
ОДДЕЛ
Сектор за Човечки Ресурси
JOB POST
06/09/2021 - 01/10/2021
ПОЗИЦИИ
1
Администратор за Човечки Ресурси (Замена минимум 2 години)

Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.

 

Еуротабак има потреба од Администратор за Човечки Ресурси

 

Услови за работа:

  • Редовна месечна плата;
  • Полно работно време- 40 часа;
  • Работа на определено време;
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;

 

Потребни квалификации:

 

  • ВСС
  • Одлично познавање на деловниот Англиски јазик.
  • Општо познавање на модерната комуникациска технологија
  • Страст за Човечки Ресурси и работа со луѓе 😊

 

 

Работни задачи:

 

Одговара за ефикасно водење и спроведување на активности во областа на човечките ресурси за потребите на компанијата преку прием и селекција на кадри, обука и развој, кадровска администрација.

 

  • Одговара за спроведување на кадровски и трудови политики и активности во согласност со стратегијата на компанијата.
  • Врши оценка на потенцијални кандидати за вработување, дава мислење и препораки.
  • Ја ажурира и одржува базата со потенцијални кандидати за вработување.
  • Обезбедува квалитетни услуги за вработените во врска со нивните права од работен однос за добивање на документи (договори за работа, потврди, решенија, одлуки, итн.), како и спроведување на точни административни постапки усогласени со закон и процедури.
  • Подготвува и доставува до претпоставениот разни анализи и информации во областите  за кои одговара.
  • Соработува со сите сектори во компанијата за да ги оптимизира резултатите во областа на човечките ресурси.
  • Обезбедува поддршка за секторите во врска со плановите и трошоците за нивната работна сила, обезбедувајќи ажурирани податоци, документи и информации од системот за човечки ресурси.
  • Обезбедува правна усогласеност на компанијата во врска со политиките и системите за управување со човечките ресурси.
  • Развива и дава препораки за подобрувања на процедури, правилници, стандарди, спецификации, методи и процеси во својата област.
  • Организира и управува со активности за прием и обработка на документи и ажурирање на податоци за вработените во системот,
  • Организира прием и обработка на барања, молби, одлуки, решенија, налози, итн.

 

 

Како да аплицирате:

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.

 

Краен рок за аплицирање: до 01.10.2021

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?