ГРАД
Струмица
ПЛАТА
ДОГОВОР
Определено
ОДДЕЛ
Продажба
JOB POST
28/08/2018 - 05/09/2018
ПОЗИЦИИ
1
АДМИНИСТРАТОР ЗА ПРОДАЖЕН ЦЕНТАР СТРУМИЦА

Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.

Во предвид ќе бидат земени само оние апликации направени преку нашата веб страна : :  http://eurotabak.com.mk/kariera/   и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.

Одговара за квалитетно и навремено изготвување на целокупната магацинска документација од прием до утовар на возило за достава. Ги дефинира збирните испораки по возило и одредува дневни рути на движење на возилата. Врши прием по документи, проверува испорака на стоки и материјали во Централните магацини и ги врши сите административни и технички работи.

 

Одговорности како Администратор : 

Контрола при прием на стоки и материјали

  • Одговара за вршење на влезна контрола на видот и количините на влезни стоки и материјали по испратница
  • Одговара за вршење на излезна контрола на видот и количините на излезни стоки и материјали по испратница и товарен лист
  • Обезбедува подготовка и достава на потребните документи, информации и налози до возачите кои вршат достава на стоки до купувачите
  • Го планира распоредот на возилата за утовар и го комуницира со возачите-доставувачи. 

Управување со податоци и документација

  • Пополнува испратници за излезни материјали, како и испратници за фактурирање односно задолжување кај добавувачи и ги евидентира во компјутер.
  • Ја контролира исправноста на документацијата и пријавува и исправа евентуални недостатоци. 

Проверка и попис на залихи

  • Врши секојдневни проверки на состојбите со залихите и го известува претпоставениот.
  • Врши проверки на залихи во ситуации на попис, ја утврдува точноста и врши усогласување со материјалната евиденција со цел да го подобри квалитетот и прецизноста на податоците од пописот.

 

Ако сметате дека :

  • Вие сте тимски играч
  • Сакате работа во динамична средина

        

                               Тогаш сте личноста за оваа работна позиција!

 

Аплицирајте сега и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.

За возврат Еуро Табак нуди :

  • Можност за професионален и личен развој
  • Пријатна и пријателска работна средина
  • Постојано вработување и конкурентна плата
  • Динамична работа
ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?