ГРАД
Скопје
ПЛАТА
ДОГОВОР
ОДДЕЛ
Контролинг
JOB POST
12/06/2024 - 12/07/2024
ПОЗИЦИИ
1
Бизнис Аналитичар

Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извондредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.

Опис на работата:

Бараме бизнис аналитичар за да се придружи на нашиот тим.

Како бизнис аналитичар вие ќе бидете одговорни за собирање, обработка и презентација на податоци за да и помогнете на нашата компанија да носи одлуки базирани на податоци. Вашите одговорности ќе вклучуваат креирање и одржување на бази на податоци, развивање и имплементација на алгоритми и статистички модели, имплементација и поддршка на бизнис информатичките системи во сите сектори. Бизнис аналитичарот ги идентификува проблемите и можностите во организацијата и навремено нуди решенија кои ги поддржуваат бизнис целите.

Потребни квалификации:

  • Познава некој од програмските јазици ( Python или SQL );
  • Искуство со работа со SQL база на податоци, познавање на техники за складирање, пребарување и управување со податоци е од суштинско значење;
  • Искуство со алатки за визуелизација на податоци како што се Power BI;
  • Познавање на статистички концепти, како што се анализа на временски серии и регресивна анализа;
  • Способност за самостојна работа, но и како дел од тим;

Работни задачи:

  • Спроведување на анализа за потреби ( requirement analysis );
  • Имплементирање на решенија кои ги исполнуваат бизнис потребите;
  • Ажурирање на сите влезни податоци на софтверот како и корисниците и нивните права за пристап;
  • Ја следи сигурноста на софтверската инфраструктура и превенира неовластен пристап;
  • Менаџирање на проекти, развој на планови за проекти и следење на перформанс;
  • Идеја, развој и имплементација на Microsoft Power BI;
  • Развој на документација за корисници;

Зошто Бизнис Аналитичар во Еуротабак?

  • Hybrid модел на работа
  • Флексибилно работно време
  • Независност во работењето
  • Инвестирање во професионален раст (до-едукации и сертификации)
  • Приватно здравствено осигурување
  • Обезбедуваме опрема со највисок;

Како да аплицирате:

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?