Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Бизнис асистент.
Цел на работното место:
Одговара за извршување на општи, административни и технички задачи делегирани од Извршниот директор, ја води централната Архива на компанијата, организира состаноци, управува со телефонските и електронските комуникации, обезбедува деловна поддршка и помош, гарантирајќи ефикасност, доверливост, дискреција и добар имиџ за компанијата во јавноста.
Работни задачи:
· Ја организира и води централната Архива на компанијата
· Прима и доставува фактури, договори, документи за потпис до директорот и ги враќа до соодветни сектори.
· Ги евидентира и ги ажурира во електронска и печатена форма сите контактни податоци и договори со партнери, купувачи, надворешни соработници, и други.
· Организира состаноци, ги известува учесниците, ги потврдува датумите и времето, го резервира терминот и местото за состанокот и подготвува материјали по потреба.
· Обезбедува доверливост на информации, податоци и документи.
Услови за работа и бенефиции:
· Редовна месечна плата;
· Полно работно време – 40 часа;
· Пријатна работна атмосфера;
· Приватно здравствено осигурување;
· Континуирани обуки и стручно доусовршување;
Потребни квалификации:
· ССС / ВСС
· Најмалку 2 – 3 години работно искуство на слична или иста позиција;
· Посетувани семинари и курсеви за управување со канцеларија, административно работење и/или деловна администрација;
· Поседува одлични комуникациски и презентациски вештини;
· Способност за самостојна работа, но и како дел од тим;
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.