ГРАД
Скопје
ПЛАТА
ДОГОВОР
ОДДЕЛ
Водство
JOB POST
25/06/2021 - 25/07/2021
ПОЗИЦИИ
1
Деловен асистент

Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.

 

Еуротабак има потреба од Деловен асистент

 

Услови за работа:

  • Редовна месечна плата;
  • Полно работно време- 40 часа;
  • Работа на определено време;
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;

 

Потребни квалификации:

 

  • ВСС, општествени науки.
  • Најмалку 2 – 3 години работно искуство. Пожелно е претходно искуство со слични задачи.
  • Одлично познавање на деловниот Англиски јазик.
  • Искуство во работење со канцелариска опрема.
  • Општо познавање на модерната комуникациска технологија.

 

Работни задачи:

 

Одговара за извршување на општи, административни и технички задачи делегирани од Извршниот директор, ја води централната Архива на компанијата, организира состаноци, управува со телефонските и електронските комуникации, обезбедува деловна поддршка и помош, гарантирајќи ефикасност, доверливост, дискреција и добар имиџ за компанијата во јавноста.

 

  • Управува со општите, административните и техничките активности со цел да обезбеди ефикасна деловна поддршка, координација и помош за потребите на Извршниот директори и менаџментот на компанијата.
  • Прима и доставува фактури, договори, документи за потпис до директорот и ги враќа до соодветни сектори.
  • Подготвува дописи, информации и извештаи за потребите на претпоставениот.
  • Организира состаноци, ги известува учесниците, ги потврдува датумите и времето, го резервира терминот и местото за состанокот и подготвува материјали по потреба.
  • Учествува на состаноци, води белешки и записници по налог на претпоставениот.
  • Обработува текстови, информации и податоци за потребите на претпоставениот.
  • Врши превод од англиски на македонски јазик и обратно на кореспонденција, упатства, текстови и други видови на информации.
  • Подготвува разни видови на презентации.
  • Го подготвува годишниот буџет на Секторот Водство и ги контролира трошоците.
  • Подготвува анализи и извештаи за потребите на претпоставениот.

 

 

 

 

Како да аплицирате:

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.

 

Краен рок за аплицирање: до 25.07.2021

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?