ГРАД
Скопје
ПЛАТА
ДОГОВОР
ОДДЕЛ
Финансии и Сметководство
JOB POST
26/03/2021 - 25/04/2021
ПОЗИЦИИ
1
Книговодител за денарски и девизни уплати и исплати

Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.

 

Во предвид ќе бидат земени само оние апликации направени преку нашата веб страна  :  http://eurotabak.com.mk/kariera/   и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.

 

Одговорности како Книговодител за денарски и девизни уплати и исплати :

Одговара за квалитетно книжење на банковите дневни денарски и девизни изводи.

  • Води ажурно и уредно книжење на денарски и девизни уплати и исплати според единствениот контен план.
  • Врши прием на банкови изводи и ги обработува.
  • Усогласува картици на дневна основа со финансовото книговодство, со книговодството на купувачите и добавувачите.
  • Ги контира девизните изводи од сите банки, ги шифрира, ги книжи и ги сложува.
  • Го контира откупот на девизи од банките и го сложува на конто преку девизните изводи.
  • Книжи каматни листи од орочени средства.
  • Книжење и контирање на компензации и цесии.
  • Раскнижување на Мастер уплати по претходно даден преглед од референтот за купувачи.
  • Контролира усогласеност помеѓу состојбата на сметката во банка со прокнижената состојба по картица за соодветна банка.

 

Ако сметате дека :

  • Вие сте тимски играч
  • Поседувате организациски способности
  • Сакате работа во динамична средина

 Тогаш сте личноста за оваа работна позиција!

 

 

За возврат Еуро Табак нуди :

  • Можност за професионален и личен развој
  • Пријатна и пријателска работна средина
  • Постојано вработување и конкурентна плата
  • Динамична работа

 

Како да аплицирате:

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.

 

Краен рок за аплицирање: до 25.04.2021

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?