ГРАД
Скопје, Македонија
ПЛАТА
ДОГОВОР
ОДДЕЛ
Продажба
JOB POST
11/06/2020 - 10/07/2020
ПОЗИЦИИ
1
МЕНАЏЕР/КА за големи купувачи (национални ланци, регионални ланци)

Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.

 

Еуротабак има потреба од МЕНАЏЕР/КА за големи купувачи (национални ланци, регионални ланци)

  Услови за работа:

  • Редовна месечна плата
  • Полно работно време- 40 часа
  • Работа на определено време
  • Пријатна работна атмосфера
  • Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства

 

Потребни квалификации:

  • ВСС, Економски факултет – Маркетинг, бизнис администрација, општа економија
  • Возачка дозвола, Б категорија;
  • Обуки и курсеви за продажба, преговарање, односи со купувачи, маркетинг, комуникациски и презентациски вештини
  • Најмалку 5 – 7 години работно искуство во продажба, од кои 3 години на раководна позиција;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Општо познавање на модерната комуникациска технологија;

 

Работни задачи:

  • Планирање, спроведување и презентирање на продажните планови пред менаџерскиот тим.
  • Одговара за спроведување и остварување на продажните планови за големите купувачи во неговото портфолио.
  • Создавање на нови можности за продажба и одржување на професионални односи со партнери.
  • Преговара со постојните и потенцијалните купувачи во врска со склучување на договори и анекси на договори.
  • Редовно ја следи наплатата за секој голем купувач.
  • Врши надзор на состојбите и презема мерки и активности во делот на продажбата, дистрибуцијата и активностите за унапредување на продажбата.
  • Подготвување и доставување до претпоставениот анализи, извештаи и информации во врска со продажбата.
  • Во соработка со претпоставениот на Секторот за Продажба и маркетинг и маркетинг планот за определен бренд и артикли дава предлози за организирање на промотивни настани во определени продажни места на определени големи купувачи и зема активно учество во реализацијата на одобрените промотивни активности.
  • Развивање и давање препораки за подобрувања на процедури, правилници, стандарди, спецификации, методи и процеси во својата област.

 

 

 

 

Како да аплицирате:

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.

 

Краен рок за аплицирање: 10.07.2020

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?