ГРАД
Тетово
ПЛАТА
ДОГОВОР
ОДДЕЛ
Продажба
JOB POST
31/01/2020 - 25/02/2020
ПОЗИЦИИ
1
РАКОВОДИТЕЛ-КА НА ПРОДАЖЕН ЦЕНТАР – ТЕТОВО

Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.

 

                                  РАКОВОДИТЕЛ-КА НА ПРОДАЖЕН ЦЕНТАР – ТЕТОВО

 

Локација: Тетово                                                                                    

Оддел: Продажба

Број на позиции: 1

Рок на пријава: 25.02.2020

 

Во предвид ќе бидат земени само оние апликации направени преку нашата веб страна  :  http://eurotabak.com.mk/kariera/   и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.

Одговорности како Раководител на продажен центар :

 

Управување со продажен центар :

  • Гарантира ефикасно управување со продажниот центар и остварување на поставените цели и резултати во продажбата и дистрибуцијата.
  • Спроведува активности за зголемување на продажните резултати и учеството во пазарниот сегмент.
  • Прави проверка на залиха на лагер во продажниот центар и во соработка со сектотр логистика (набавка, централни магацини и дистрибуција) обезбедува потребни количини за продажба и дистрибуција.

 

 

Управување и водење на продажната сила :

  • Ги води и насочува вработените во продажниот центар во планирањето и реализацијата на нивните активности со цел да се достигне планираната продажба.
  • Ги координира и контролира активностите на продажната сила за реализација на дневните рут планови
  • На дневна основа ги задолжува и раздолжува вработените во продажбата со трговски стоки и готовински средства.
  • Редовно ја следи и оценува работата на вработените во продажниот центар со цел да ги зголемува нивните перформанси и резултати.

                   

           Управување со готовински средства, надзор и контрола :

  • Гарантира правилно и наменско ракување со готовински средства на компанијата по основ на денарски уплати и исплати кои се евидентираат преку благајната.
  • Врши контрола на финансиските индикатори на продажниот центар и на наплатата.
  • Врши контрола на локалната дистрибуција и го контролира остварувањето на поставените цели.
  • Постојано ја контролира продажбата и го известува претпоставениот за текот и резултатите.
  • Врши редовен попис еднаш месечно и учествува во вонредни пописи.

 

Ако сметате дека :

  • Вие сте тимски играч
  • Имате одлични преговарачки вештини
  • Поседувате организациски и менаџерски способности
  • Сакате работа во динамична средина

 

Тогаш сте личноста за оваа работна позиција!

 

За возврат Еуро Табак нуди :

  • Можност за професионален и личен развој
  • Пријатна и пријателска работна средина
  • Постојано вработување и конкурентна плата
  • Динамична работа

 

Како да аплицирате:

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.

 

Краен рок за аплицирање: до 25.02.2020

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?