ГРАД
Скопје
ПЛАТА
ДОГОВОР
ОДДЕЛ
Финансии и Сметководство
JOB POST
23/07/2020 - 23/08/2020
ПОЗИЦИИ
1
РАКОВОДИТЕЛ-КА НА СМЕТКОВОДСТВО – СКОПЈЕ

 

                                              РАКОВОДИТЕЛ-КА НА СМЕТКОВОДСТВО

 

Локација: Скопје                                                                                     

Оддел: Финансии и Сметководство

Број на позиции: 1

Рок на пријава: 23.08.2020

 

Во предвид ќе бидат земени само оние апликации направени преку нашата веб страна  :  http://eurotabak.com.mk/kariera/   и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.

Одговорности како Раководител сметководство :

Гарантира ефикасна организација и управување на Одделението Сметководство, организира и спроведува ефикасна книговодствена поддршка за управувањето со финансиите на компанијата, гарантира редовно книжење и ажурирање на податоците во материјалната книговодствена евиденција.

 

  • Спроведува ефикасно управување и надзор на сите книговодствени процеси и операции во одделението во согласност со законските прописи, меѓународните сметководствени стандарди и компаниските процедури и воспоставува соодветни интерни контроли.
  • Подготвува и координира книжење во главната книга и сложување на сите книговодствени конта.
  • Ги анализира месечно состојбите, идентификува варијанси и врши прилагодувања во главна книга.
  • Применува мерки за контрола на трошоците преку детални прегледи, анализа на варијансите и комуникација со претпоставениот и менаџментот на компанијата.
  • Врши контрола на ставките во бруто биланс по контен план.
  • Врши  контрола  на  сите  рачно контирани  документи  во  сметководство.
  • Обезбедува пресметка на даноци, царини, јавни давачки, такси и акцизи.
  • Гарантира ефикасно и точно книжење и евидентирање на даночните обврски на компанијата во согласност со закон со цел да овозможи нивно соодветно плаќање.
  • Учествува во ревизии, вклучувајќи и годишни надворешни ревизии, и соработува со претставници на даночни контроли од надлежни институции согласно закон.
  • Учествува во подготовка завршна сметка.
  • Подготвува месечен биланс на успех и доставува до претпоставениот.
  • Изготвува месечни прегледи на даноци, ажурира и подготвува пријави за ДДВ
  • Самостојно го води книговодството на компанијата согласно законските прописи и интерните процедури согласно МСС и МСФИ.
  • Книжи и раскнижува влезни и излезни фактури, денарски и девизни изводи и други документи за да ја евидентира состојбата во главната книга.
  • Врши пресметка на ДДВ обврски, подготвува ДДВ пријави и книжи ДДВ.
  • Изготвува комплетна документација за компензации и цесии.
  • Врши сложување и анализа на бруто биланс.
  • Изготвува завршна сметка и врши консолидирање на билансите.Ја управува и контролира работата на вработените и одговара за градење на способна, посветена и флексибилна работна сила.
  • Се грижи секој член на тимот да биде соодветно опремен, обучен и насочен во извршувањето на работните обврски.
  • Одговара вработените со кои управува да ги применуваат важечките процедури.

 

Ако сметате дека :

  • Вие сте тимски играч
  • Имате одлични преговарачки вештини
  • Поседувате организациски и менаџерски способности
  • Сакате работа во динамична средина

 

Тогаш сте личноста за оваа работна позиција!

 

За возврат Еуро Табак нуди :

  • Можност за професионален и личен развој
  • Пријатна и пријателска работна средина
  • Постојано вработување и конкурентна плата
  • Динамична работа

 

Како да аплицирате:

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.

 

Краен рок за аплицирање: до 23.08.2020

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?