ГРАД
Скопје
ПЛАТА
ДОГОВОР
ОДДЕЛ
Финансии
JOB POST
30/01/2024 - 29/02/2024
ПОЗИЦИИ
1
Референт

Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.

Еуротабак има потреба од Референт во секторот Финансии.

Цел на работното место:

Одговара за работење со финансиските и сметководствените информации на организацијата, со што овозможува носење на информирани одлуки. Анализира стабилност на компанијата и доставува финансиски информации до останатите деловни единици, со што им овозможува да прават буџетирања и да носат одлуки.

Услови за работа и бенефиции:

  • Редовна месечна плата;
  • Полно работно време – 40 часа;
  • Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Континуирани обуки и стручно доусовршување

Потребни квалификации:

  • Високо образование ( Економска насока);
  • Најмалку 2 години искуство во финансии или сметководство;
  • Комуникациски вештини;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MC Office – Excel, Word

Работни задачи:

  • Врши усогласување на картици со коминтенти, изготвува записници и конфирмации
  • Книжи изводи и контактира со коминтенти

Како да аплицирате:

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?