Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Соработник за набавка на трговска стока.
Цел на работното место:
Гарантира спроведување на активности неопходни за набавка на стоки за тргување, врши надзор и контрола на испораките и се грижи да остварува ефикасни набавки, оптимални залихи и заштеди за компанијата.
Услови за работа и бенефиции: • Редовна месечна плата; • Полно работно време – 40 часа; • Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено • Пријатна работна атмосфера; • Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства; • Приватно здравствено осигурување; • Континуирани обуки и стручно доусовршување
Потребни квалификации: • Високо образование; • Од 5-7 години работно искуство во набавки. Пожелно е раководно искуство од најмалку 3 години. • Комуникациски вештини; • Одлично познавање на деловниот Англиски јазик; • Одлично познавање на MC Office – Excel, Word
Работни задачи: • Гарантира подготовка и достава на барања до добавувачи, вклучувајќи и подготовка на детални спецификации, услови во врска со затворена конкурентска понуда или предлог, обврзувачки и безбедносни услови и информации, мостри, примероци од договор и други посебни услови. • Ги следи секојдневно и ги контролира залихите на лагер листа во Централните магацини и во продажните центри и гарантира обезбедување на оптимални залихи на стоки за тргување. • Се грижи документацијата да биде целосна и точна, и проследена до одговорното лице со цел да се извршат плаќања согласно договорите. • Организира и управува со активности за прием и обработка на документи, ажурирање на податоци и налози за набавки, ажурирање на цени и податоци за добавувачи, активности за проверка на залихи во магацините, состојби од пописи, расходувани стоки, растур, кало, итн. • Подготвува и доставува до претпоставениот неделни и месечни извештаи за состојбата на залихи на лагер за својата група на трговски стоки. • Креира и предлага процедури во доменот на својата работа (набавка, овластувања, критериуми за оценување на добавувачи, склучување на договори, складирање, постапување со несоодветни суровини, материјали за пакување и репроматеријали, итн.).
Како да аплицирате: Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак. Краен рок за аплицирање: до 31.07.2023