Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Теренски комерцијален референт – Струмица
Услови за работа:
· Редовна месечна плата;
· Полно работно време – 40 часа;
· Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено
· Пријатна работна атмосфера;
· Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
· Приватно здравствено осигурување;
Потребни квалификации:
· Средно или високо образование;
· Возачка дозвола, Б категорија;
· Најмалку 1 година искуство во продажба;
· Комуникациски вештини;
· Општо познавање на модерната комуникациска технологија;
Работни задачи:
· Планирање и организирање на продажни активности;
· Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата;
· Развивање и одржување на односите со клиентите;
· Прием на нарачки и наплата;
· Изработка на потребна документација
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.